Go to content

Voting in Australia | Гласање во Австралија

On this page

Кој треба да гласа на австралиските избори?

Од вас се бара да го ставите вашето име на списокот на гласачи и да гласате во Австралија ако:

  • сте станале австралиски државјанин

  • имате 16 години или сте постари (меѓутоа не ќе можете да гласате се додека не наполните 18 години)

  • сте живееле на вашата сегашна адреса најмалку еден месец.

Со тоа што ќе го ставите вашето име на списокот на гласачи значи дека ќе бидете на списокот за да гласате на сите избори: национални, државни и општински.

Како да го ставам моето име на списокот на гласачи?

Можете да се запишете за гласање на Интернет страниците на Австралиската изборна комисија на aec.gov.au/enrol. Исто така, можете да пополните формулар на хартија. Формуларот е на англиски јазик, можеби ќе ви треба помош да го пополните ако имате потешкотии со англискиот јазик.

Кога ќе го пополнувате формуларот, ќе ви бидат потребни следните податоци:

  • податоци за вашето австралиско државјанство

  • доказ за вашиот идентитет, на пример, возачка дозвола, пасош или некој кој веќе се наоѓа на списокот на гласачи што ќе може да го потврди вашиот идентитет.

Пополнетиот формулар испратете го по пошта до канцеларијата на Австралиската изборна комисија на:

Australian Electoral Commission
Reply Paid 9867
Sydney NSW 2001

Не е потребно да ставате поштенска марка.

Ако никогаш порано не сум се запишал за гласање, дали ќе имам проблеми ако тоа го сторам сега?

Не, нема да имате проблеми. Ако се запишете сега, нема да добиете парична казна.

Како можам да ги обновам моите податоци на списокот на гласачи?

Постојано треба да ги обновувате вашето име и адреса, во спротивно може да ги пропуштите изборите и да добиете парична казна заради тоа што не сте гласале. Можете да ги проверите вашите податоци на списокот на гласачи и да ги обновите по електронски пат на aec.gov.au/enrol

Запишете се да добивате потсетници за изборите

Ќе добиете парична казна ако сте запишани на списокот на гласачи и ако не гласате на изборите. Ако сакате да добивате потсетници преку електронска пошта или СМС пораки кога ќе има `државни или општински избори, можете да се запишете на elections.nsw.gov.au/remindme за да ја користите оваа бесплатна услуга.